Четири непознати лица, облечени како лекари, со маски, околу четири часот и 30 минути утрово поставиле експлозивна направа во банкомат што се наоѓа во внатрешноста на атинска болница, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истите информации, од експлозијата е предизвикана материјална штета, нема повредени, а сторителите не ги земале парите од банкоматот и веднаш по експлозијата побегнале.
Половина час пред експлозијата во болницата, експлозија имало и пред локалната канцеларија на службата за јавни приходи во населба во северниот дел на Атина, каде што, според АНА-МПА, била предизвикана материјална штета на фасадата на објектот.
OhridNews