Во зградата на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во Ростов се случи експлозија, по што избувна голем пожар, јавија руски медиуми.

Според неофицијални информации, едно лице загинало, а две се повредени, пренесува Нова.

Ростов е оддалечен околу 120 километри од границата со Украина, а на првите снимки од тој град се гледа како голем пламен ја проголта зградата на руската тајна служба.

Локалните власти соопштија дека испратиле итни служби во областа.

OhridNews