На Кримскиот мост што го спојува полуостровот со Русија утрово експлодира камион, при што се запалиле седум цистерни со гориво во воз што во тој момент минувал таму, соопшти рускиот национален антитерористички комитет.
Камион што доаѓал од полуостровот Таман експлодирал денеска во 6 часот и 7 минути на патниот дел од мостот Крим, при што се запалиле резервоарите со гориво во возот што сообраќал во правец на полуостровот Крим, се наведува во соопштението.
Од експлозијата на камионот се урнале два патни делници од мостот на Крим.
Во исто време медиумите во Украина јавија за експлозија. Според нив, експлозијата одекнала околу 6 часот по локално време. Сообраќајот на патниот и железничкиот мост што го поврзува Крим со руската транспортна мрежа е во прекин.
Рускиот претседател Владимир Путин го отвори мостот во 2018 година, откако Крим беше анектиран од Украина во 2014 година, што пак доведе до санкции и влошување на односите со Западот.
OhridNews