На иницијатива на општинскиот инспекторат денеска се одржа состанок на претставници од повеќе институции на кои било договорено да се формираат експертски тимови во врска со загадувањето на Билјанините извори и извориштата околу Св.Наум.


Тие треба точно да утврдат кој се загадувачите и да предложат мерки за санирање на состојбата пред почетокот на следната туристичка сезона.


На средбата исто така било договорено да се обезбеди и физичка заштита на Билјанините извори кои според експертите, најмногу ги загадуваат надворешните води.