Темата на која ќе се разговара е “Предлог за зачувување на ендемичната фауна и флора од Охридското Езеро: Да и помогнеме на природата да се избори со наметнатото зголемено нутриентно оптеретување и стабилност на водениот столб”. Станува збор за предавање за биолошката продуктивност на едно езеро кое особено зависи од хидродинамичкиот транспорт и мешањето на нутриентите во водениот столб.
За да го објасни овој концепт, професорот Јорг Имбергер ќе ги користи скорешните резултати од научните истражувања. Ќе даде и краток преглед на предностите на езерските модерни контролни системи во реално време и ќе демонстрира како истите можат да бидат применети во очувување на ендемичниот жив свет на Охридскот Езеро.