Врвни меѓународни експерти од областа на стоматологијата ќе бидат дел од 7-oт „Конгрес на стоматолозите на Македонија со меѓународно учество“, кој ќе се одржува во Охрид од 11-ти до 14-ти јуни 2015 година.
Според официјалната веб страница на Конгресот, своето присутво веќе го потврдиле звучни стоматолошки имиња од Италија, Турција, Германија, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Словенија и Македонија.
Темата на овој научен собир кој го организира Македонското стоматолошко друштво ќе биде „Стоматолошката наука во секојдневната практика”.
Во рамки на тридневната конгресна агенда планирано е да се одржат бројни предавања за тековните концепти и новите техники во стоматологијата, а ќе бидат претставени и голем број научни и стручни програми презентирани од домашни и странски предавачи.
OhridNews