Насловена како  „ The Journ Art Cooperativa“ во Охрид започна конференција која на едно место ќе собере голем број експерти од областа на културата и медиумите од регионот. Целта е да се разменат искуства, мислења, знаења и вештини, односно се што ќе придонесе кон развојот на нови модели на чување на културното наследство и следење на настаните во културата со посредство на различни аудиовизуелни форми.

Присуството на културата во медиумите, комерцијализацијата на културата, презентацијата и архивирање на културното наследство во медиумите, стратегиско планирање на проекти во областа на културата, промотивни и маркетиншки стратегии-  се само дел од темите на кои ќе разговараат учесниците.

Конференцијата ја организира Центарот за медиумски активности од Скопје, со поддршка на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) и Министерството за култура.

Конференцијата ќе трае до 20- ти август.

OhridNews