Триесетина врвни научни истражувачи од Европа, ќе земат учество на работилницата во Охрид, на која ќе се дискутира за староста на Охридското Езеро.

Работилницата која ќе се одржува во текот на  оваа недела има за цел размена на искуства помеѓу научните работници, кои треба да помогнат во успешна реализација на Проектот за определување на староста на Охридското Езеро, кој официјално ќе отпочне во 2010 година.

Проектот 80% ќе биде финансиран средства од ICDP-Интернационалната корпорација за длабински истражувања, а остатокот од средствата ќе ги обезбеди македонската влада.

Во очекување на официјалниот почеток на истражувањата, научни работници од Грманија во соработка со експерти од охридскиот Хидробиолошки институт неодамна извршија прелиминарни истражувања кои покажале дека Охридското Езеро е старо помеѓу 2,5 и 3 милиони години. Езерото во периодот на своето постоење преживеало леденото време, а во него како во ниту едно друго природно езеро во светот се задржале голем број ендемски видови. Следните истражувања треба попрецизно да ја одредат староста на Охридското Езеро, неговото потекло,  како и структура на живиот свет и  процесите низ кои тоа поминало. Истражувањата ќе траат 6 години.

Г.М.