Според Пауноски, кој вели дека најодговорно стои зад кажаното, идеите на поранешната влада на Георгиевски се спроведувале и денеска од други луѓе и со други методи.
Осудениот Пауноски излезе со скандалозни обвинувања
Пауноски кој поради злоупотреба на службената положба во постапка покрената во 2001 година е осуден на три и пол години затвор, во вербалното сведоштво пред „Транспарентност Македонија“ тврди дека е жртва на монтиран процес со цел негова дискредитација.
Пауновски вели дека во текот на изминатите осум години е изложен на континуирани притисоци и уцени со закани по неговиот живот и по здравјето на членовите на неговото семејство, а дека има основано сомневање дека таквите закани можат да се остварат токму за време на одржувањето на затворската казна.