Дваесет и пет основци од Куманово вчера биле примени во Градската болница во Струга со симптоми на труење со храна.

Децата, сите  четвтоодделенци,  се пожалиле на болки во стомакот, повраќање и диареја. Седум од нив имале потешки симптоми на труење поради што примиле соодветна терапија, додека останатите биле третирани амбулантно, соопштија од струшката болница.

Според лекарите се работи за труење со храна, за што била известена и санитарната инспекција. Хоспитализираните деца  кои биле дел од групата од 100 екскурзијанти од Куманово, на инсистирање на нивните родители синоќа ја напуштиле болницата.

ohridnews