Обезбедувањето на хотелот во кој биле сместени екскурзијантите открило шестмина ученици со марихуана, по што истите биле пријавени во тамошната полиција и кај одговорните наставници.
Училиштето го потврди случајот, кој, како што е најавено, ќе биде разрешен на седница на Научно-наставниот совет, кој треба да одлучи околу казната за несовесните ученици.