Како што Ohridnews дознава турнирот во Струга годинава ќе се одржи викендот од 14 до 17 август.
Сеуште не е затворен списокот на екипи, но она што е сигурно е дека на него ќе настапи двократниот првак Металург.
На ланскиот турнир настапија седум екипи меѓу кои беа Вардар, Металург, Струга, Иври, Брест Мешков, Версај и Констанца.
Турнирот во Струга од година во година добива на квалитет, а се очекува истиот годинава да го потврди тој епитет.
Мх.П.