Рокот за поднесување барања за учество во постапката за претквалификација за јавно наддавање за издавање под краткотраен закуп на плажите кај Охридското Езеро истече вчера. Како што неофицијално дознава “ohridnews” до Министерството за транспорт и врски пристигнале пет понуди за 9 плажи, сите од охриѓани. Еден од заинтересираните конкурирал за две плажи.

Постапката за претквалификација предвидува изготвување урбанистичко техничка документација според насоки и упатства со критериуми кои ги содржат условите за организација на просторот. Комисијата ќе ги разгледа сите барања поединечно заради утврдување на комплетноста на документацијата, а барањата кои не се комплетни ќе бидат отфрлени, најавуваат од Министерството за транспорт.

Претходно министерството ги објави условите кои треба да ги исполува секој кој е заинтересиран за концесионирање плажА. Најдоцна до 15-ти март оваа година, потенцијалните закупци треба освен комплетираната документација треба да достават и урбанистичко-техничка документација. Селектирањето на понудите ќе биде завршено до 19-ти март, а јавното наддавање ќе се одржи на 26-ти март.