Народе македонски! Фаќајте позиција, слушалки и уживајте во несекојдневниот настап (за шведски услови) на групата „Втора Генерација“ составена од нашинци што живеат во Шведска на тамошниот избор за Евросонг. Песната има оригинален наслов „Ќебаппица Шливовица“ и како што не информираше нашиот читател од Шведска, Игор Јованоски, за малку не се пласирала во финалето на националниот избор што се одржа во саботата.

Но она што е најбитно, како што пренесува нашиот специјален известувач од Шведска, е тоа што коментаторите на националната телевизија на неколку пати го спомнале името Македонија, што е извонреден успех на нашите во далечниот север. А сега уживајте…

Горан Момироски
Игор Јованоски