Со изведба на музичко сценскиот спектакл „Кармина Бурана“ на шпанската продукциска куќа „Ла Фура дел баус“ заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и оркестарот, балетот и хорот на Македонската опера и балет, вечерва, ќе биде отворено јубилејното 55-то издание на фестивалот „Охридско лето“. 

„Кармина Бурана“,  е едно од најмаркантите оперски дела на 20-от век создадено од германскиот композитор Карл Орф. 

Ја почувствувавме енергијата и магијата на оваа сцена. Вечерва во полн амбиент со публика ќе изведеме спектакуларен перформанс кој ќе ги вклучи сите сетила на публиката“.- велат членовите на шпанскиот состав.

„Кармина Бурана“ ќе биде изведена под диригентската палка на Шпанецот Хозеп Висент, кој веднаш по пристигнувањето во Охрид се упати на Антички за да го види амбиентот каде ќе настапуваат.

„Воодушевен сум од театарот и од околината. Се чувствува неговата енергија, но и неговата прекрасна локација“.- вели прочуениот диригент.

Покрај сцената, на Антички театар се подготвени и гардеробите каде веќе се сместени костимите и сите неопходни реквизити за денешниот спектакуларен настан.

Овој грандиозен мултимедијален проект на продукциската куќа “Ла Фура Делс Баус“, во ваква форма за прв пат ќе се биде поставен не само во Република Македонија, туку и во поширокиот регионот. Спектаклот ќе биде надополнет со настап на на тројца врвни оперски уметници – сопранистка Беатриз Дијаз и баритонот Хозе Мануел Дијаз од Шпанија, како и рускиот контратенор Васили Корошев.

OhridNews