По официјалното добивањето на казната за играње на 6 натпревари на страна , на седницата на Управниот одбор на клубот бил одлучено да се направи ваков чекор.
Превисоката фантомска казна, нееднаковиот аршин при определувањето на казните ,според кои ФФМ е за некого мајка а за некого маќеа ги натера челните луѓе на клубот да донесат ваква одлука .
– И покрај најголемиот успех од постоењето на клубот, пласман во ¼ финалето во националниот куп, приморани сме на ваков чекор – вели за ohridnews преседателот на клубот Цане Кузески. Кај нас има желба, мотив но целиот тој елан го срушија одредени структури во ФФМ како дисциплинската комисија, комесарот на натпревари, судискиот одбор, додава Кузески .
Покрај казната од играње на 6 натпревари на страна, казната на најдобриот стрелец во тимот Игор Клечакроски од пет натпревари суспензија организаторот на натпреварот ФК Илинден е казнет со 1.500 евра парична казна поради тоа што не го снимал инциднетот кој се случил во соблекувалната !?!?!?
Иронично како олеснителна околност за дисциплинската комисја е податокот што организаторот на натпреварот се обидел да спречи инциднт од поголеми размери .
– Не сакавме да влеземе во некои (не)фудбалски шеми, по што следуваше елиминација на зелената маса. Им посакувме многу среќа во полуфиналето на фудбалерите на Нов Миленуим – завршува Кузески .
ШТЕТА! ! ! Со ваквите потези се руши клубот кој во изминатите неколку години направи многу за развојот на фудбалот во овој крај .
Илинденци од општинската за две години стигнаа да втората лига, а успеаја да се пласираат во 1/4 финалето на националниот куп, попатно елиминирајки го актуeлниот шампион Победа и Тетовска Шкендија .