Најпознатиот охридски бутик „ Емили“ како и секогаш е во чекор со светските модни трендови. Во продавниците на овој препознатлив бренд, во ТЦ „Амам“ на кат во Охрид и спроти градскиот пазар во Струга, пристигна најновата машка и женска колекција 2015 наменета за свечени прилики.
Дел од прекрасната пролетна и летна колекција, деновиве имаа можност да носат и познатите охридски модели Билјана Стојаноска, Ангела Секулоска и Тони Трифуноски кои беа дел од традиционалната фото сесија што ја организира бутикот „ Емили“ за претставување на својата најнова понуда што остава без здив.
За беспрекорната и професионална реализација на модната фото сесија се погрижи продукциската куќа Мега Продукција. Фотографиите се наменети за изработка на промотивниот материјал на „ Емили“ и фејсбук страната на познатиот бутик.
OhridNews