Харизматичниот Душко Вујошевиќ ја одбил понудата на Македонската кошаркарска федерација за селекторската позиција во репрезентација.
Поранешниот тренер на Партизан одбивањето го образложил дека не се гледа себеси како селектор на национална селекција, а покрај КФМ интерес за него покажала и црногорската репрезентација.
Селектороската позиција во Македонија остана празна откако Марјан Србиноски беше разрешен по доставување на извештајот за Европското првенство.
Најсериозен кандидат за селектор е Марин Докузовски, со кој Македонија стигна до историскиот пласман на четвртата позиција на ЕП во Литванија 2011 година.
Ohridnews