Поранешниот тренер на Вардар, Зоран Кастратовиќ е назначен за нов предводник на Металург. Зоран Кастратовиќ на македонска јавност и е познат по неговата сопруга Индира Кастратовиќ која долги години го носеше дресот на Кометал Ѓорче Петров и македонската репрезентација.

Кастратовиќ на местото тренер во Металург доаѓа на местото од Дамир Стојановиќ, кој доби карта во еден правец после слабиот и не убедливиот старт на сезоната.

Кастратовиќ е тренер со големо искуство и минат труд, а во својата тренерска кариера работел со екипи како Вардар, Кометал, Сутјеска и Ал Џаиш, а бил и селектор на женската репрезентација на Македонија, како и селектор на машките репрезентации на Црна Гора и на Иран.

Новиот стратег во Металург доаѓа во најсоодветно време, пред клупскиот ангажман во ЕХФ Купот и главната разврска во македонското првенство.

OhridNews