Екс-селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Алеш Пипан беше на „нож“ и со свирежи од 4000 гледачи беше пречекан во „Борис Трајковски“ на дуелот со МЗТ во Јадранската лига, кој неговиот состав го загуби со 79-60.
Со словенскиот стратег на клупата Македонија не само што не успеа да го повтори историското четвто место на Евробаскетот во Словенија туку се посрамоти претрпувајќи четири порази во пет натпревари и го имаше најслабиот пласман. Единствена селекција која Македонија ја совлада во групата беше Србија.
По завршувањето на Европското првенство, Пипан во изјава рече дека селекцијата на Македонија ја водел без никакви емоции и никогаш не верувал во било каков добар пласман. Не се одржа вообичаениот собир со новинарите да се презентираат грешките направени за таков лош пласман со што го навлече гневот на „фалангата“.
Македонската публика често простува, но ретко заборава, а тоа на своја кожа го осети Пипан, кој нема по добро да го памети враќањето во Македонија.
Мх.П.