Ракометниот клуб Работнички се засили со повремениот репрезентативец Милан Левов пред дербито со Металург во втората рунда во Супер лигата.


Левов кој дејствува на десната бековска и крилна позиција во Работнички пристигна како порашенен ракометар на Охрид.

Работнички сезонава започна нов проект ангажирајќи искусни и квалитетни ракометари, а се имаше промени во раководството.

„Црвените“ токму со триумф над Охрид ја отворија за нив втората сезона во елитното друштво.

Мх.П.