Поранешниот ракометар на Охрид сега член на Макс Струмица, Борче Соколов се најде на поширокиот список на новиот селектор Лино Червар за престојните бараж мечеви со Чешка за пласман на Мундијалот во Франција.


– Честа е голема да се биде на списокот од репрезентацијата. Повикот е награда за досегашниот труд, а мотив уште поголем за во иднина. – кратко рече за Ohrid News, Соколов.

Првата прозивка на Червар помина без големи изненадување, но со видни промени бидејќи на списокот има играчи од Борец, Радовиш и Работнички.


Соколов две години ги бранеше боите на охридскиот суперлигаш, а токму против него го одигра сезонава најдобриот натпревар постигнувајќи десет голови.

Мх.П.