Викендов намерно е опожарен дел од Белчишко Блато, велат од Здружението за зачувување и истражување на животната средина Охрид / Дебрца „Екотуризам“.

Посочуваат дека опожарено е на четири места и изгорена е трска и ниска вегетација на површина од околу седум хектари.

Интервенирано е од охридската противпожарна единица, а органите на МВР извршија увид. За скоро ќе биде инсталиран видео надзор и ќе го минимизираме уништувањето на природното богатство, посочуваат од Здружението.

OhridNews