Економско-социјалниот совет се очекува денеска да одржи седница на која треба да донесе одлука за висината на минималната плата.

Министерската за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во изјава за МИА дадена во петокот обелодени дека седницата ќе се одржи денеска и на неа ќе се разговара за минималната плата.

Одлуката за висината на минималната плата се носи токму на Економско-социјалниот совет, потоа се објавува во Службен весник, за да може работодавачите да ги усогласат платите кои ќе ги исплатат за месец март со одлуката, односно со висината на минималната плата, изјави Тренчевска.

Очекувањата на Владата, според досегашните изјави на министрите од економскиот сектор, се дека минималната плата ќе изнесува околу 20.000 денари.

Секој март се врши усогласување на минималната плата. Со измените на Законот за минимална плата, се воведоа нови критериуми согласно кои минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата.

OhridNews