Моментално имаме економска криза која е поголема и поопасна од пандемијата, изјави во емисијата „Напладне“ на OhridNews, претседател на Регионалната занаетчиска комора и потпретседател на националната занаетчиска комора, Сашо Богоески.

Пандемијата како така ја пребродивме, добивме субвенции. Во целост занаетчиите добија по три неповратни плати. Доста тешко пандемијата се преброди, но со оваа економска криза е многу поопасно. Да речеме ако една госпоѓа еднаш месечно одела на фризер сега со оваа безпарица ќе оди еднаш на три месеци што е многу поопасно отколку во пандемијата. Тогаш маска ќе ставеше и ќе одеше. Оваа економска криза е многу поопасна и мислам дека ќе настрадаме повеќе со нејзе отколку со пандемијата, вели Богоески.

Сашо Богоески во „Напладне“: Економската криза поопасна од пандемијата

OhridNews