Руските екипи на Економист кај мажите и на Спартак кај жените станаа европски клупски шампиони на Европскиот клупски куп кој се играше во Охрид.
Во машка конкуренција Економист освои максимални 14 бодови , а зад нив се пласира тимот на Мика Ереван, кој во последното коло со 4:2 го совлада нашиот претставник Алкалиод и го одделечи од врвот. Третата позиција им припадна на шахистите на Урал.
Тимот на Алкалиод со двата пораза во последните две кола остана на 10 бодови со уште седум екипи и во рангирањето го освои 11. место. Со победите од 4,5 : 1,5 во последното коло нашите други две екипи направија скок на табелата Гамбит Пексим го освои 28. место, а Кочани 40..
Во женска конкуренција зад првакот Спартак, се пласираа Монте Карло и Тбилиси на второто, односно третото место.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com