Министерството за економија побарало продолжување на работното време на угостителските објекти, кои сега можат да работат до 22 часот.

Министерот Бектеши денеска на прес конференција потврди дека постои таква иницијатива.

Ние упативме барање кое треба да го разгледа Комисијата за заразни болести, и доколку има простор за продолжување на работното време на угостителските објекти одлука за тоа ќе треба да донесе Владата, рече Бектеши.

OhridNews