Тие го поддржуваат ставот дека истребувањето на пастрмката како ендемичен вид во Охридското Езеро треба да ги загрижува сите,но сметаат дека треба подлабоко да се навлезе во проблемот, доколку се сака тој реално да се прикаже.
“Неправилно е да се направи превид кон активностите на еколошкото друштво “Грашница” и целиот невладин сектор од Охрид и Струга поддржан од екологистите во Македонија и од Движењето на екологисти од Македонија за одземање на концесијата од концесионерот и стопирање на риболовот во водите на езерото, не помалку од 8 до 10 години “, реагираат членовите на ова друштво. Според нив, неодамна емитуваната емисија на МТВ ќе имаше многу поголема тежина доколку во неа беа вметнати и дел од активностите што ги има преземено “Грашница” за спас од истребувањето на ендемичните риби во Охридското Езеро.