Резултатите од четиригодишниот проект финансиран од ЕУ покажуваат дека еколошки произведеното овошје и зеленчук содржат до 40% повеќе антиоксиданти и поголеми количини на минерали, а особено железо и цинк.
Коодинаторот на проектот, професорот Карло Леиферт смета дека консумирањето на еколошки произведеното овошје и зеленчук помага во зголемувањето на внесување на нутритиенти кај оние потрошувачи кои не успеваат да ја внесат препорачаната количина од половина килограм овошје и зеленчук дневно. Истражувањето исто така покажало дека еколошки произведеното млеко има и до 90% повеќе антиоксиданти.
J.M.