Сите загрижени за нашата планета, под услов да имаат убави приходи, можат сека да си купат органски, биолошки разградлив велосипед направен од бамбус.

Бамбусот е рачно собран во Тајван, а чини околу 2000 евра. Тежи како и обичниот велосипед, а бидејќи бамбусот е отпорен и еластичен велосипедот лесно поднесува удари и тежина. Во Британија веќе продале 5 велосипеди.