Охриѓани, но и гостите денеска ќе имаат можност да ја покажат на дело својата грижа за животната средина. Тие се повикани да земат активно учество во акцијата за чистење на дивите депонии на крајбрежјето и покрај  магистралниот пат Охрид – Св. Наум . Акцијата заеднички ја организираат јавното комунално претпријатие и медиумите, а целта е да се подигне еколошката свест кај населението.


Акцијата која е поддржана  од Ohridnews, започнува во 9 часот, а превозот за сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат во неа е бесплатен и тргнува од кругот на дирекцијата на Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид.

Ohridnews