И покрај бројните акции и кампањи за подигнување на еколошката свест на населението со цел да се зачува околината, расфрлан отпад чие разградување трае долг период, и понатаму може да се види на многу локации во Охрид и неговата околина.

Екипи од ЈП „Охридски Комуналец“ при извршувањето на своите активности наишле на големи количини расфрлан  отпад во близина на плажата „Горица 3“, паркинг просторот и пристапните патеки , како и месноста „Алтанин Мост“ на потегот од Булевар „ Туристичка“ до селото Орман .

Во близина на плажата „Горица 3“ , кај паркингот и во тревниот дел околу пристапните патеки собрани се 10 вреќи со комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа, најлон кеси и др.), информираат од јавното претпријатие.

Кај месноста „Алтанин Мост“, собрани се 13 вреќи со комунален отпад.

OhridNews