На вештачкото езеро Глобочица изградено далечната 1962 година  на кое се наоѓа и истоимената хидроцентрала  му се заканува еколошка катастрофа.

Огромни количества пластика се расфрлани околу и во самото езеро каде речиси секојдневно завршуваат и разноразни други предмети, каучи, машини за перење и слично . Се проценува дека по целата должина на  езерото (12 км)  има стотина тони пластика која како што е познато тешко се разложува.


тони пластичен отпад расфрлан во Глобочица

Еколошкото друштво од струшкото село Велешта „Еко Вел“  покрена иницијатива за спас на  езерото. Ги алармиравме надлежните институции   кои менаџираат со ХЕЦ „Глобочица“, но од таму до денес не добивме одговор, велат од „Еко Вел“  . Како голем проблем тие ја истакнуваат и неодоговорноста на жителите од околните села кои секојдневно со години фрлаат отпад во езерото.

„Ние имаме готов проект  за чистење на езерото и за регулација на неговото корито. Нашите волонтери го чистат езерото но потребна ни е поголема помош од локалната самоуправа и Минитерството за животна средина“, вели Урим Каба, претседател на ЕД „Еко Вел“.


Глобочица е пред еколошка катастрофа

Ако најитно не се преземат мерки , ситуацијата ќе се влоши, а постои опасност да  се намали и рибниот фонд, додава Каба. .Во езерото се влеваат води од колекторскиот систем во село Враништа и доколку не се преземе нешто овој простор ќе ја загуби својата атрактивност поради што е привлечен за рекреативците, предупредува  Каба.

Мики Трајковски
фото: Васко Бујароски