Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро од цврст отпад “ОХРИД ЕКО 2024” ќе се одржи на 1 јуни, сабота. На истата според организаторот, Нуркачкиот центар „Амфора“, учество ќе земат нуркачи од Македонија и Балканскиот регион.

Оваа година како локации се одбрани Калишта, Градско пристаниште, камп Градиште, Музеј на вода и Черава. Збирно место и брифинг за сите нуркачи е на Градското пристаниште во 9:00 часот. По завршувањето на акцијата предвиден е ручек во кампот Градиште (прва плажа). За сите учесници на акцијата на 2 јуни, недела, во 9:30 часот, Нуркачкиот центар „Амфора“ организира нуркање на една од многуте атрактивни локации на Охридското Езеро, велат.

Потенцираат дека за нуркачите кои имаат недостиг на опрема истата ќе биде обезбедена од Амфора и дека поканети се сите нуркачи со меѓународен сертификат за нуркање.

Покровител на настанот е Скопско.

OhridNews