Денеска Здружението за заштита на природното и нациналното богатство Енхелеус Лихнид – Enheleus Lihnid заедно со Здружението за истражување и заштита на пештерите Spiridon Speleo повод Денот на Планетата Земја направија еколошка акција во двете пештери Црна Пешт и Наумова дупка во месноста Трпејца.

На оваа акција беа собрани повеќе од четириесетина вреќи со отпад. Апелираме до сите да се чуваат овие богатства и планетата Земја секој ден, бидејќи таа е се што имаме, велат од Енхелеус Лихнид.

OhridNews