Еколошка акција денес во најголемиот парк во градот, кој се наоѓа во рамките на поранешната охридска касарна.
Здружението Енхелеус Лихнид со поддршка и од останатите здруженија, поединци кои сакаат да бидат дел од акцијата, но и со ученици од двете училишта кои се најавени дека ќе бидат дел од акцијата ќе го чистат просторот од отпад кој велат го има во големи количини.
Предвидено е акцијата да започне во 14 часот и да трае неколку часа, а ќе биде опфатен делот кај амфитеатарот и паркот. Најавени се ученици од ООУ „Кочо Рацин“ и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на кои ќе им биде одржана и еколошка едукација, вели Мартина Крстаноска од здружението Енхелеус Лихнид.
Додава дека овој дел е значаен за градот, големо пространо зеленило, каде меѓу другото се предвидени и активности од страна на општината, адреналински парк, голф терен…
Општински дел е но, сакаме да дадеме придонес со оваа акција. Претходно во неколку наврати имаме чистено тука, но има премногу отпад, стакло, многу израсната трева. Поддршка имаме од ЈП „Охридски Комуналец“, а упатуваме апел и до сите кои се во можност, да дојдат и да ја поддржат оваа акција, вели Крстаноска.
Н.С.Ј.