Еколошкото друштво „Грашница“  апелира до надлежните собраниот снег од градските сообраќајници да не се депонира во езерото. 

„Во него се содржат тешки метали, неоргански соли, ароматични јаглеводороди и суспендирани честички кои се акумулираат од сообраќајниците. Освен тоа од моторните возила како “додатоци” во снегот се маслата, мастите, а дополнение на ова се песокот и солта фрлени на улиците. Оваа смеса го загрозува живиот свет, може да уништи места каде се мрестат рибите, предизвикува физичко и хемиско загадување, го троши растворениот кислород од водата итн. Ова уште повеќе, што на местото каде се депонираше загадувачот ќе се одржи верскиот обред Водици“, се вели во соопштението од еколошкото друштво „Грашница“.

Од оваа невладина организација апелираат снегот во иднина да се одложува на посебни места предвидени за таа намена. Еден од предлозите на екологистите е  депонијата за градежен шут. Тие предлагаат и да се изработи студија за погодна локација на која ќе се одлага снегот што се чисти од градот.

Ohridnews