Независната листа на кандидати за советници од граѓанските организации и здруженија денеска на прес-конференција го изрази  незадоволството, доколку не биде прифатено целосното име на листата. Според носителот на листата, Борче Стојаноски, гласачите ќе имаа дилема ако на гласачкото ливче нивната листа е именувана само со иницијалите на носителот.

„Многумина рече Стојаноски, за нас мислат дека независните влегоа во политиката. Сакам да потенцирам дека нашата цел е интересот на граѓаните и решавањето на проблемите сврзани со животната средина. Нас политиката не не интересира“, додаде тој.

Никола Боздоганов изјави дека првпат на избори во Македонија ќе настапи независна листа  од коалиција невладини организации и се надева дека оваа практика во иднина ќе се применува во целата држава.

Независната листа на граѓански еколошки организации денеска официјално ќе биде доставена до Општинската изборна комисија.

Ohridnews