Асоцијацијата на граѓански еколошки организации од Охрид која ќе настапи сосоветничка листа на локалните избори утре ќе засади 50-тина садници на просторот околу спортската сала “Билјанини Извори”.

Со ова, велат од асоцијацијата, сакаме да се вклучиме во реализација на еколошки активности по повод претстојните избори.

Овој настан има за цел да ги зголеми зелените површини во градот, а во неговите рамки, граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со еден од најсовремените светски еколошки концепти кои гарантираат речиси 90 проценти ефисканост при садењето.

Ohridnews