Коалицијата Еколошки граѓански организации од Охрид, денеска на прес конфренција официјално ја претстави советничката листа со која ќе настапи на локалните избори. Како што е веќе познато носител е Борис Стојаноски, а по него следуваат: Марија Младеноска- наставник; Никола Боздоганов – археолог; Роберт Доленц – сообраќаен техничар, Ѓоко Зороски – дипл. инж. по жив. средина; Сузана Блажеска – економист, Благоја Евтимов – економист, Борис Џајковски – бизнисмен; Дивна Стезовска – наставник и Спасе Попоски – бизнисмен.

Коалицијата ја сочинуваат еколошките друштва „Грашница“, „Јагода“, Екол-лаг, Еко-етика, ТА „Билјана“, Македонско лимолошко друштво – Охрид, младински клуб „Вавилон“, клуб за подводни дејности „Канео“ и здружение на туристички водичи.

Акцент на нивната кампања, како што беше речено на денешната прес конференција, ќе биде ставен на еколошките проблеми, меѓу кои заштитата на реката Грашница и севкупната заштита на Охридското Езеро.

Ohridnews