Летната сезона поминува во вистинска мешавина од модни трендови. Носталгични морнарски маички, храбри и живописни неон комбинации, цветни дизајни во комбинација со пастелни бои и заводливото модно лето може да почне! Бојата која го инспирира светот на модата годинава е зелената во сите свои нијанси, од смарагдна, маслинеста, нане, нијанси на жад, до темнозелена.

Зелената боја го поттикнува чувството на рамнотежа и хармонија, но и асоцира на екологијата која е особено во мода ова лето. Фестивалите посветени на значењето на животната средина, колекцијата „мода за мирна совест“ од био-памук, еколошката шминка, накитот во кој наместо скапоцени камења се наоѓаат минијатурни саксии со живи билки, укажуваат дека оваа година ќе гледаме со „зелени очи“.

Откако ќе помине почетната возбуда од шопингот, потребно е да се зачува бојата и свежината на облеката, особено во жешките летни денови, кога повеќе пати дневно се пресоблекуваме и ги переме алиштата.

Нов тренд во светот за жените кои се грижат за животната средина се компакт детергентите. Овие детергенти се еднакво добри како и стандардните, со помала доза перат иста количина алишта и многу се практични во однос на транспортот и сместувањето во домот. Новата доза изнесува вкупно 100 грама за едно перење, што има поголем број предности. Помалите пакувања претставуваат вистинско еколошко освежување во текот на летните денови, со оглед на фактот што кај нас најголем дел од жените сами купуваат детергент за алишта и сами го пренесуваат до домот. Исто така, користењето компакт детергенти ја намалува количината хемикалии и отпадот од амбалажата кој се исфрла во животната средина, а во исто време се штеди енергија и вода. На овој начин, додека ги чува своите фустани, модерната жена ја чува и животната средина.

OhridNews