Убедени сме дека Советот има конкретни мерки за спроведување на одлуката и истата ќе биде цврсто почитувана од увозниците на храна во нашиот регион, стои во дописот до медиумите.
Како што веќе информиравме, неодамна Советот на општина Охрид усвои Декларација за забрана за употреба на Генетски модифицирана храна-ГМО и одгледување на истата. Со тоа според предлагачот Охрид ќе им се придружи на над 4000 европски општини кои кажаа не на ГМО.
Декларацијата „НЕ за генетски инженеринг на нашите полиња“ ја поднесоа Македонското лимнолошко друштво во соработка со невладината ЕКО Свест. Според нив со интензивирање на биотехнолошките истражувања во лабораториски услови се врши манипулирање со генетскиот состав на организмите кои се користат за производство на храна. Во природата пак генетски модифицираните посеви стапуваат во интеракција со природната флора и фауна и ја уништуваат почвата, предупредуваат предлагачите на декларацијата. Тие објаснуваат дека консумирањето на генетски модифицирана храна може да е причина за појава на алергии кои можат да бидат отпорни на антибиотици.
Г.Момироски