Во чест на патронот на нашиот град Св.Климент Охридски младите велосипедисти од планинско-друмскиот велосипедски клуб ЕкоДром започнаја да ја возат патекат наречена СТУДИНО. 


Велосипедистите  искачувањето го започнаа кон с.Велестово па потоа кон највисоката точка на турата преслапот Крстец 1555 мнв, долж патеката од 37 км ќе имат можност да ја посетат областа Шарбојца, планинската куќа Асан Џура, најголемата пештера на Галичица – Саматска Дупка, природните локви на полето Студино. Со брз спуст се спуштија кон с.Коњско, преку с.Шипокно и населбата  Рача.


Во клубот ЕкоДром приоритет е младите  велосипедисти да го прифатат и промовираат активниот начин на живеење во еколошки здрава средина и го промовираат велосипедизмот како култура на живеење. Го будат натпреварувачкиот дух за постигнување на врвни резултати во планинскиот велосипедизам , бидејки природните ресурси ни го овозможуваат тоа , а капацитетите и квалитете на членовите  се потврдени во повеќе наврати.

Ohridnews