Патеката во градскиот парк е најстара планинска велоиспедска патека на која се организираат натпревари. Карактеристично за оваа патека е нејзината форма, при што на многу мал простор е сместена 4,3 км долгата патека која изобилува со скршнувања налево и надесно на кратки периоди, со краткотрајни нагорнини па надолнини. Патеката не остварува високи надморски разлики, сама по себе е напорна поради долготрајниот континуитет на вртење на педалите без напорни нагорнини и брзи спустови.
Велосипедистите во дресот на Екодром – Дивела, и на овој натпревар доминираа со вкупниот број на медали. Од вкупно 18 медали во 6 категории, 7 медали за Екодром – Дивела: 1 златен, 3 сребрени и 3 бронзени според следните категории:
Злато : Петар Упевчески – кадети
Сребро: Кристијан Николоски – јуниори, Новица Валјноски – кадети, Теодора Алексиоска – жени
Бронза: Бленди Троци – сениори, Андреј Хаџи Василев – јуниори, Јован Јованоски – кадети.