Во организација на Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), и велосипедскиот клуб ЕБТС – ПроБајк од Скопје, во неделата, на падините на Шар планина, во месноста Попова Шапка се одржа Државното првенство во планински велосипедизам, „ХС – Cross Country, Попова Шапка 2013“.

Патека по која се натпреваруваа велосипедистите беше многу динамична со екстремни спустови и препреки и нагорнини од преку 25%, испреплетена на релативно мал простор, што на гледачите им овозможи да ја следат трката во целост од едно место.

На Државното првенство за прв беа применети и вештачки препреки и скокови кои се повеќе се застапени во планинскиот велосипедизам, во натпреварите кои се во организација на Интернационалната унија на велосипедисти (UCI).

На стартот се појавија 36 велосипедисти во вкупно пет категории кои се бореа за трофеите во одделни категории. Трката на Шар планина мина во доминација на велосипедистите од охридскиот клуб Екодром, кои освоија најмногу први места.

Резултати по категории:

Елит – Сениори

1. Бленди Троци – Екодром, Охрид

2. Дарко Митоски – Енерџи, Скопје

3. Дарко Симоноски – ЕБТС – Скопје

Јуниори:

1. Јован Јованоски – Екодром, Охрид

2. Петар Упевчески – Екодром, Охрид

3. Левент Рифат – З‘ш Точак, Охрид

Кадети:

1. Новица Велјаноски – Екодром, Охрид

2. Драган Цветков – МВК, Велес

3. Кристијан Николов – МВК, Велес

Мастерс:

1. Љубиша Кондев – Енерџи , Скопје

2. Стојан Хаиефтимов – Свиок, Радовиш

3. Владимир Несторовски – ЕБТС, Скопје

Жени:

1. Анета Антовска – Енерџи, Скопје.

OhridNews
извор:“Макфакс“