Членовите на Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина – Регионален зелен центар Охрид, заедно со активисти на Културолошка иницијатива „5 до 12“, во рамки на проектот поддржан Цивика Мобилитас, викендов поставија едукативни еко знаци на повеќе локации во градот Охрид, за подигнување на свеста за заштита на животната средина.
Целта е подигнување на еколошката свест на населението со акцент на младите преку организирање на најразлични активности на атрактивен и еден различен начин кои ќе привлечат сечие внимание. – истакнаа од Регионалниот зелен центар, упатувајќи благодарност до сите кои ја помогнаа реализацијата на акцијата.
Регионален зелен центар Охрид подолг период активно работи и на изработка на дигитална еколошка мапа, која наскоро треба да биде достапна онлајн.
Регионалниот зелен центар најавува ангажман на младата популација преку еколошки акции, едукативни средби на актуелни теми за заштита на околината, креативни видеа, како и пилот- проект за зелена плажа Лабино и константно одржување на истата.
OhridNews