По повод 3 јуни ден на велосипедизмот, Црвен крст Охрид, во рамките на програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), организира еко возење со велосипеди, под мотото „Биди екологист, а не песимист”.

Целта е со овој настан да се поддигне нивото на еколошката свест кај младите и поттикне нивното конкретно делување во насока на заштитата на животната средина. Да се сплотиме сите заедно и со мали чекори да направиме големи промени за планетата Земја да биде подобро место за живеење, велат од Црвен крст.

Настанот ќе се одржи на 02 јуни со почеток-старт во 19 часот од кај паркот Куба Либре.

Влезната карта за учество ќе биде 50 денари, а собраните средства ќе се искористат за уредување на иден локален парк. На финалната локација Горица 3 учесниците ќе ги „чека“ освежување и прекрасна забава, додаваат од организацијата.

OhridNews