Во рамки на проектот за селектирање ПЕТ амбалажа и примарно рециклирање, деновиве во градинката „Јасна Ристеска“ се одржа пригодна програма наменемата за најмладите охриѓанчиња. Преку игра и примери тие учеа за селектирањето на ПЕТ амбалажата и заштитата на животната средина.


Еко свест од налмали нозе


Проектот во јуни годинава го започнаа Општина Охрид, ЈП Охридски комуналец и еколошкото друштво „Јагода“, со поддршка на американската агенција за меѓународен развој-УСАИД.
Целта на проектот е преку различни форми и активности да се подигне еколошката свет кај граѓаните за можноста од рециклирање на ПЕТ амбалажата и со тоа намалување на притисокот врз животната средина.

Ohridnews