Припадниците на Секторот за внатрешни работи од Охрид денеска им се придружија на екологистите во одбележување на Светскиот ден на екологијата. Тие денеска во дворот на полицијата засадија повеќе дрвца во знак на подршка на еколошката акција која заеднички ја реалзираа локалната самоуправа и невладиниот сектор.
Полицијата се вклучи во одбележување на Светскиот ден на екологијата
(фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ)
Паралелно со активностите на охридската полиција, Локалната самоуправа во соработка со еколошките друштва „Грашница“ „Еко-лаг“, македонското лимнолошко друштво и туристичката асоцијација „Билјана“, денеска организира акција за чистење на вливот на реката „Черава“. Екологистите собраа големи количества отпад од крајбрежјето во Љубаништа и Свети Наум со што на најдобар можен начин го одбележаа Светскиот ден на екологијата.
Охридското крајбрежје по денешната еко-акција
(фото ohrid.gov)
Ohridnews