Во Охрид ќе се одржи првиот Еко пазар во организација на Училишта без пластика и Младински Центар Охрид.

Преку настанот ќе се овозможи усвојување позитивни практики за реупотреба на отпадот од текстилната индустрија и адаптирање кон подобри навики за намалување на отпадот којшто го создаваме.

Ќе имате можност да ги изложите своите стари алишта и/или други предмети коишто треба да бидат испрани, уредно спакувани и зачувани. Собраните средства од продажбата ќе одат за втора шанса за Александар, посочуваат организаторите.

Заинтересираните за учество на истиот може да се пријавата на линкот.

Еко пазарот ќе се одржи на 8 февруари од 12 до 14 часот во просториите на Младински Центар Охрид.

OhridNews